» Вие сте регистрирани: %%emailaddress%%

Ви пречи градската: гужва... врева... прашина... неподносливата горештина...???
Вашите очи се уморни од работа на компјутер...
Вашите уши се уморни од околната врева...
Гледате што вдишувате...
Топлината на градскиот асвалт ја совладува Вашата животна радост...

Не можеме да ја промениме околината во која живеете, НО можеме да Ве поканиме да посетите околина каде:

Се слуша зуењето на пчелите...
Зеленото доминира ...
Воздухот е невидлив...
Ветрето Ви го милува лицето...

Исчекорете од урбаното сивило...
Дочекорете во природното зеленило

Винарија ГРКОВ

#Една од помладите винарски визби во Република Македонија е "Винаријата ГРКОВ " лоцирана во село Крњево Кавадаречко, која егзистира веќе 4 години и е една од ретките винарски визби кои имаат привилегија да бидат дел од специфичната географска положба.

Оваа винарска визба како резултат на својата местоположба (поставена во подножјето на планината Кожув, каде виновите насади се распростираат на надморска височина помеѓу 550 и 700 метри), специфичната клима која настанува при мешањето на медитеранската клима која навлегува од страна на демиркаписката клисура и континенталниот ладен воздух кој се спушта од падините на Кожув и погодната почва, е позната по своите своите овошни и ароматични црвени вина, одгледувањето на сортите грозје , односно вината: Пинот Ноар, Мерло и Каберне Совињон.

Тесниот избор на овие високо сортни вина не е случаен туку е поради карактеристиките што во себе ги содржат овие вина.

Таму каде што сонцето се бакнува со свежината и го создава најубавото грозје, љубовта кон виното преточена во чаша Пинот Ноар, Мерло и Каберне Совињон на винаријата Грков, само ја разубавуваат и продолжуваат винската историјата на Македонија.

Винаријата Грков во служба на развој на винскиот туризам

#Со цел да го приближиме до самите потрошувачи начинот на производството на нашите производи како и да ја покажеме чистата околина во која созрева нашата суровина (грозјето), од 10.05.2008 год во отворена употреба е пуштен ресторанскиот дел,(апартманскиот дел се планира да се доврши до крајот на тековната година) погоден за едноневни посети.

На посетителите им е овозможено да преку туристичките агенции со кои соработуваме или самостојно, се најават на нашиот телефон: 02 3092 641 и резервираат место за организираните еднодневни тури.

Во турите се опфатени следниве активности: запознавањето со винаријата, дегустација на вината, прошетка до козјата фарма, како и прошетка по околните атрактивни локации и стариот манастир (1832).

Во ресторанот посетителите ке можат покрај редовната традиционална македонска кујна, квалитетното вино произведено од органски одгледано грозје ,да конзумираат и месо,сирење и други прехрамбени продукти од органско потекло одледувани во комплетно еколошко чиста средина

Винаријата Грков настојува да се стекне со врвен квалитет

#Првично на одбираните погодни локации со квалитетен состав на почвата, посадени се квалитетни лози од сертифицирани добавувачи, од кои очекуваме со правилно и стручно одгледување високо квалитетен принос на грозје.

Оваа квалитетна суровина, одгледана по природен органски начин, со помош на најнова технологија, опрема,љубов и знаење ја променуваме во високо квалитетно вино.



Каде се наоѓаме

#
Винарија ГРКОВ,
с.Крњево,
Кавадарци

 
За да се одјавите кликнете овде.
Винарија ГРКОВ, с.Крњево, Кавадарци