БАРАЊЕ ЗА НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ
Друштвото за помош на деца со аутизам го доставува ова барање за новогодишни подароци за децата со аутизам кои живеат во градот Скопје.
Новогодишни подароци се планирани за 20 деца кои заедно со семејствата секоја сабота од 17:00 до 19:00 часот се сретнуваат во Спортскиот центар за лица со телесна инвалидност во Кисела Вода.
Краток опис на друштвото за помош на деца со аутизам:
За прв пат во Република Македонија, во 1995 година, во рамките на Семинарот за децата со аутизам во Струга, формирано е Друштво за помош на деца со аутизам. Мегутоа, до 1998 година ова друштво не покажа доволна активност, со новиот закон требаше да се пререгистрира во судскиот регистер и да се внесе во евиденција.
Сегашното Друштво за помош на деца со аутизам на Република Македонија е обновено на 12.01.1999 година по иницијатива на дел од дотогашните членови и други родители и стручни лица - ентузијасти кои повеќе години се занимаваат со деца со ментален хендикеп.
Уште на самиот почеток се поставија основните цели и задачи на Друштвото кои можат да се подредат во четири области.
Прво, превземање на активности за навремена интеграција на децата со аутизам во соодветен едукативен третман како и давање поддршка на семејствата кои на ваков начин се изложени на хроничен стрес.
Второ, правилен избор на медикаментозен третман: со лекови, диети и др., кои благовремено, поволно ќе делуваат врз клиничката слика на аутизмот и ќе придонесат за побрзо и поадекватно социјализирање на овие деца.
Трета област во која треба Друштвото максимално да се изрази е широка популаризација на проблемот “Аутизам” преку разни предавања, ТВ емисии, трибини и различен пропаганден материјал, се со цел за навремено откривање на овие деца.
Во четвртата област е вклучена научно-истражувачката дејност, кај нас и во светот, следење на најновите светски достигнувања од областа на аутизмот и активно учество на овој план.
Приоритетна задача на Друштвото е отворање на дневен центар во Скопје и изготвување на регистер во кој ќе бидат евидентирани сите деца со аутизам во Република Македонија.
Доколку одлучите да ни помогнете Ве молиме да се обратите на нашите контакт податоци.
Однапред Ви се заблагодаруваме,
Друштво за помош на деца со аутизам
Контакт лице: Јасмина Ивановска, 070 507-731
Претседател: Тања Панковска