Посетете ја новата интернет страница на ВВ Попова Кула!!!
www.popovakula.com.mk
Нашиот Cabernet Sauvignon е фантастичено вино што има освоено 4 златни мадали на различни вински натпревари. Произведен од лози стари 25 години, ова вино е со полно тело и богата, темно црвена боја. Ова вино е симфонија од ароми: хербални, зачински и џем од црни сливи, кои се чувствуваат и во вкусот. 12 месеци одлежано во шишиња, неговиот богат вкус и одлично тело завршуваат во неверојатен, долготраен финиш. Произведено во година на одлична берба во лимитирани количини, ова е можност што не треба да се пропушти. Вистинска рапсодија на вкусови. Ќе бидете пријатно изненадени од извонредно долгиот финиш.
Нашиот Cabernet Sauvignon 2005 Perfect Choice, сервиран на собна температура можете да го конзумирате во комбинација со сите видови црвено месо, но ние Ви препорачуваме да го пробате во комбинација со печен ноев стек со сос за скара што можете го најдете во нашиот ресторан. |
Придружете ни се во ВВ Попова Кула заедно да го прославиме почетокот на новата сезона на обработување на лозовите насади.
Прославата започнува во 11:00 часот со изведување на свечена литургија и прво закројување на лозовите насади од локалните свештеници.
Во 12:00 часот бидете дел од промоцијата на нашите две нови вина:
- Станушина 2009 розе
- Мерлот 2007 Перфект чоис
Прославата во ВВ Попова Кула продолжува до доцните попладневни часови.
Јавете се за резервација!!!
е-маил: reservation@popovakula.com.mk
тел: + 389 43 367 400
мобилен 1: + 389 76 432 630
мобилен 2: + 389 76 432 640
Св. Трифун е заштитник на лозовите насади и винарските визби. Затоа најголем и најсвечен празник за производителите на грозје и вино во Македонија е празнувањето на Св. Трифун на 14 февруари.
На овој ден започнува новата сезона на обработка на лозовите насади. Процесот на производство на винско грозје започнува со кроење на лозите, а завршува со берба. Празнувањето започнува на 14 февруари со утринска литургија во православните храмови во Тиквешијата. Во рамките на литургијата се врши ритуално закројување на лозницата, при што луѓето земаат по едно парче од осветената винова лоза, со што, според верувањата, си обезбедуваат среќа и добар род за таа година. Дел од свештениците закројувањето го продолжуваат по лозовите насади на винарските визби во регионот.
Светиот маченик Трифун е роден во Кампсада во Фригија, во близина на градот Апамеја во денешна западна Турција. Во детството чувал гуски, но уште оттогаш се истакнал со исцелителска способност. Лечел болни од разни болести и ги бркал лошите духови од луѓето. За неговите чуда се расчуло надалеку, па затоа бил повикан кај царот на Рим, Гордијан, за да ја излекува неговата ќерка Гордијана што страдала од душевна болест и која ниеден лекар не можел да ја излекува. Трифун за кратко време ја излекувал, при што се стекнал со уште поголема слава.
Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на владеењето на цар Децие. Тој бил повикан од областниот римски царски намесник по име Аквилијн и му било наредено да се откаже од Исус и да им приреди жртви на римските богови. Трифун го одбил предлогот, поради што бил измачуван. Тој бил врзан за дрво и тепан со прачка, потоа, бил врзан за опашката на еден коњ и бил влечен низ полето, а кога ни со тоа не го заплашиле, му се заканиле дека ќе му ја отсечат главата со меч. Но, пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот Трифун се молел на Бога да му ја земе душата, а кога дошле на местото за егзекуција тој веќе ја предал душата на Бога. Тоа се случило на 14 февруари 248 година, а според други во 250 година, кога светиот маченик Трифун имал само 21 година.
|