Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци се безалкохолни, најчесто рекламирани како специјално дизајнирани напитоци, кои даваат енергија.
Содржат големи дози на кофеин и шеќер со други додатоци, како Б витамини, аминокиселини (таурин) и други легални хербални стимуланси како ефедрин, гуарана, ѓумбир, гинко билоба.
Овие напитоци главно се наменети и се популарни кај младите од 18 до 35 години, а особено кај студентите.
Содржината на кофеин во енергетските напитоци е од 80 до 200 милиграми, но најчесто се со содржина од 80 милиграми на кофеин, што е еднакво на една шоља кафе.
повеќе...
Заштитете ја вашата кожа во летниот период
Неправилната изложеност на УВ зрачењето се смета за една од главните причини кои може да доведат до појава на рак на кожата. За да се спречи оштетувањето на кожата и да се намали ризикот од рак на кожата, потребна е пред се правилна заштита. Превземете ги потребните чекори за да се заштитите себе си, вашите деца или внуци од сонцето, бидејќи многу од оштетувањата кои предизвикуваат рак на кожата се појавуваат на многу рана возраст.
За љубителите на сончевите денови, заштитата од сонце не секогаш претставува едноставна работа. Меѓутоа внимателно избраните препарати за заштита од сончевите зраци, заштитната облека и рационалното избирање на најповолните периоди во денот за извршување на секојдневните обврски дејствуваат долгорочно во правец на заштита од понатамошни оштетувања на кожата.
повеќе...
УВ Индекс
УВ Индексот е меѓународна стандардизирана мерка за јачината на ултравиолетовото зрачење од сонцето, во одреден ден, на одредено место. Познавањето на дневните вредности на УВ индексот се од големо значење за правилна заштита на кожата.
Вредности на УВ индексот се движат од 0 до 11+ и се стандардизирани од страна на СЗО и одделот за грижа на животната средина при ОН:
- 0-2 – незначителен ризик; при оваа вредност, најголемиот број луѓе може да останат на сонце и подолго од 1 час, без опасност од изгореници; доволни се очила за сонце и средство за заштита ако во околината има рефлектирачки површини како вода или снег.
- 3-5 – ниско ниво на ризик; луѓето со чувствителна кожа и светол тен може да добијат изгореници при изложеност на сонце од 20-тина минути. Се препорачува носење на очила за сонце, шапки и избегнување на изложеност во најтоплите делови од денот.
- 6-7 – висок ризик; задолжително средство за заштита со најмалку СПФ 15, квалитетни очила за сонце, шапки со широк раб, покриеност на целото тело со лесна памучна или ленена облека.
- 8-10 – многу висок ризик; се превземаат сите мерки на заштита. Не смее да се останува подолго време на сонце. Најчувствителните може да добијат изгореници за само 10 минути изложеност на сонце.
- 11+ - екстремен ризик при незаштитено излегување на сонце; употреба на средство со повисок заштитен фактор, очила, широки шапки, рацете и нозете треба целосно да бидат покриени со лесна облека. Воопшто да не се излегува на директна сончева светлина.
Во денови кога УВ индексот има високи вредности, бебињата, децата и возрасните со чувствителна кожа, треба да ги избегнуваат сите активности на сонце меѓу 10 и 16 часот. Рефлектирачките површини како водата, песокот, бетонот и карпите, со одбивање на УВ зраците го зголемуваат штетното дејство, дури и под сенка.
Следни wellness настани
Искористете ја можноста која Ви ја нудиме за Ваша лична едукација за правилен начин на исхрана, потребен за секого секој ден без разлика на возраста, полот, место на живеење...
Истовремено, добијте бесплатна бизнис едукација - научете како да дојдете до вашата финансиска цел и вистинска промена во Вашиот живот.
Пријавете се за следните настани и дознајте што е потребно за да бидете дел од нашите настани и нашиот тим.
Информациите се главниот двигател на промената. Човек се менува доколку ја знае сопствената цел.
Нашиот тим на wellness советници Ви нуди поддршка во остварување на Вашата цел. Контактирај не!
 |