Исхрана во лето
Кога вашето тело би можело да зборува, би ве замолило да јадете повеѓе „сончева храна“!
Се што растело на отворено и се што може да го јадете свежо, ќе биде богат извор на витамини и минерали – сето тоа благодарејќи на енергијата на сонцето! Затоа својата чинија слободно наполнете ја со разнобојни салати, свежо овошје и зеленчук. Тие намирници се богати со хранливи материи, а нема да го оптоварат вашиот дигестивен систем и нема да ви ја намалат енергијата додека сте под влијание на високите температури, посебно ако за време на летувањето сте активни.
повеќе...
Физичката активност може да биде и забавна
Пробајте нешто ново. Излезете на свеж воздух и таму направете ги вашите вежби, уживајќи во воздухот и сончевата светлина. Размислете да се зачлените во некој клуб – изборот на активности може да биде навистина голем: веслање, софтбол, одбојка, тенис, шетање во природа, возење со велосипед, јавање, боречки спортови, возење на кајак, часови по танцување, јога, итн.
Ајде! Покажете малку авантуристички дух!
повеќе...
СОНЦЕТО И МОРЕТО – еликсири на убавина
Плажата веќе одамна не е место на кое треба да се „пржите“ на сонце. Морската вода може да се користи за ефикасна масажа, песокот е одличен педикир, морскиот воздух ги прочистува дишните патишта, а топлината на сончевите зраци може за кратко време да ја елиминира болката.
повеќе...
Исхрана за под летното сонце
Сончевата светлина не е само привилегија резервирана за годишни одмори. Таа е и наш главен извор на витамин Д, кој под нејзино влијание се создава под кожата. Витаминот Д му е потребен на телото за да може да го апсорбира калциумот, за одржување на добра состојба на коските и многу други клучни телесни функции.
повеќе...
Ќе ни претставува голема чест и особено задоволство овој наш е-весник и нашите wellenss совети да ги препорачате на вашите пријатели, соседи, колеги, роднини. Поканете ги да дојдат на нашата веб страница за да ги остават своите податоци.
Полето за пријава за овој е-весник се наоѓа на дното на веб страницата и изгледа како на сликата.
За соработката со нашиот тим кликнете тука за пријава и информативен состанок.
|