Иновејшн , компанија – станар во ПСМ, го доби тендерот на Влада за обука на граѓани за компјутерски вештини
Компанијата Иновејшн, станар во Инкубаторот, го доби тендерот на Влада на Република Македонија за обезбедување на бесплатни обуки за над 7000 граѓани на Македонија за користење на компјутери. Овој тендер е дел од големата кампања на Владата, “Македонија земја на информатичарите”. Со овој тендер, Иновејшн, под покровителство на Влада ќе обучи 7 854 пријавени граѓани за основно ракување со компјутер, пакети за канцелариско работење како и пакет за работа со интернет.
Нови станари во Инкубаторот
Софтвер Лабаратори се занимава со продажба на веќе развиен софтвер како што се факс сервери (www.activefax.com.mk), CRM, CMS и E-Commerce апликации (www.creacity.com.mk и www.gatewaytechnolabs.com). ДИС – ДАТА е втората компанија што работи продажба на хардвер и развој на апликација која ќе дава поддршка на маркетинг бизнисите односно електронски маркетинг. Оваа апликација во себе инкорпорира модули за електронско анкетирање, Bluetooth рекламирање, смс рекламирање, киоск рекламирање и слично. Третата компанија која ќе започне во септември е АдвертСМС која ќе работи м-маркетинг (маркетинг преку мобилни уреди).
Обуки за станарите на ПСМ
Во насока на подобрување на бизнис вештините на компаниите станари, беа одржани две обуки на тема „Како да обмислам и структуирам добро презентирање“ и „Како да станам посакуван партнер“ од страна на консултантската куќа Трајковски & Партнерс. Првата обука беше дводневна и се состоеше од два дела, теоретски дел и практичен. Во практичниот дел, секој учесник одржа сопствена презентација, која подоцна беше оценувана по повеќе критериуми, како што се комуникација со публиката, структура на самата презентација, интонација на говерeње и сл. со што станарите добиваат позитивни критики со цел подобрување на нивните презентациски вештини. На крајот беа прогласени победниците, компанијата Адверт СМС кои имаа најдобра презентација, а им беше доделена и симболична награда.
Втората обука, на тема Како да станам посакуван партнер, беше за насочување на станарите како да влезат во партнерски односи и дали се подготвени за тоа. Со овие обуки станарите имаа можност да ги прошират нивните знаења и како да ги искористат во нивните секојдневни бизнис активности.
На покана од Роџер Кодри, искусен професор, бизнис консултант и инкубатор менаџер, оддржа двочасовен тренинг на станарите во инкубаторот. Темата беше Топ десет корисни совети за успешен бизнис, во кој тој истакна повеќе корисни совети за станарите, со цел да го направат нивниот бизнис поуспешен, односно профитабилен. На тренингот учествуваа станарите кои беа задоволни од мотивационото предавање на г-дин Кодри и ќе искористат некои од советите кои што им беа презентирани.
Запознајте ги станарите на ПСМ Инкубаторот
|
Визија
ПСМ проектот да стане добар модел за претприемништво и креирање на нови фирми во регионот како и пристап кон развој на ветувачки нови бизнис идеи меѓу високо образованите млади луѓе.
Преку своите активности, ПСМ ќе стимулира претприемништво и ќе ги зацврснува линковите помеѓу младите луѓе во Македонија на ова поле со цел да:
- го забрза напредокот на малите и средните претпријатија
- биде мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот |
Цел
Да се привлечат младите кои имаат ИКТ интереси, да им се обезбеди тренинг за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар и ИКТ да стане водечка индустрија во Македонија. |
|
|