Za da go procitate vesnikov izberete: View > Encoding > Unicode (UTF-8).

 

Ноември/Декември 2008 • Билтен #013

Ти си пријавен/а со адресата %%emailaddress%%

Во овој број донесуваме...

CISCO Entrepreneur Institute

Во ноември, ПСМ Инкубаторот во соработка со Општината Гази Баба започна заеднички проект за спроведување на Cisco Entrepreneurship Institute, тренинг за бизнис и претприемнички вештини за млaди и невработени луѓе од Општината Гази Баба. Проектот е финансиран од УСАИД/ МЛГА. Како дел од овој проект 60 млади, невработени луѓе, во 4 групи ќе бидат обучени и запознаени со он лајн содржината на курсот и видео материјалите, кој ќе им овозможи проширување на нивните бизнис знаења и стимулира претприемничкиот дух меѓу нив. По завршувањето на проектот сите 60 слушатели се очекува да подготват целосен бизнис план. Најдобрите три бизнис планови, од сите 4 групи ќе бидат наградени со финансиска награда од 3000$.

Во прилог е изјавата на еден од учесниците во овие обуки:

“Лично за нас и нашиот обем на работа како најкорисни би ги истакнал презентацијата за бизнис план и финансиски менаџмент. Еден раководител претприемач мора да има базична основа за да може понатаму да ги предвидува можностите и да може навреме да реагира. Овие предавања би ги препорачал на широк обем на луѓе. Во нашата група има луѓе кои тукушто почнале и ги наоѓаат многу корисни предавањата, бидејќи учат како да ги воспоставуваат работите чекор по чекор во основањето и структурирањето на фирмата, особено е добро за оние во поодминати години на кои има е потешко да ги следат модерните текови или едноставно не биле во можност, а сепак се работоспособни и може да го искористат ова како начин од каде што може да продолжат понатаму. Му благодарам УСАИД за поддршката, од голема корист е за нас младите претприемачи”.

Сите заинтересирани млади и невработени лица може да аплицираат за обуките на: info@yesincubator.org.mk

 

Глобална недела на претприемништво

Во периодот од 17ти до 23ти Ноември, за прв пат беше организирана Глобалната Недела на претприемништвото 2008 во светски рамки, во повеќе од 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Проектот за Зајакнување на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста и Фондација Претприемачки сервис за млади беа локални организатори на Глобалната Недела на претприемништвото.

За време на оваа недела, беа организирани повеќе од 70 настани во 10 градови низ Македонија со повеќе од 30 партнери организации вклучувајќи центри за развој на бизнисот, образовни институции, владини агенции, општини, студентски организации итн.

Ова е најголем настан за претприемништвото до сега одржан во Македонија, а беше поддржан од Норвешката и Британската Амбасада во Македонија, како и од страна на осум спонзори како и единаесет медиумски спонзори.

Сите настани имаа една заедничка цел, стимулирање на претприемништвото помеѓу младите во Македонија. Македонија беше петата земја на најмногу организирани настани по глава жител. Со оглед на уникатноста, настанот привлече големо медиумско внимание.

 

Нови станари во Инкубаторот

Две нови компании станаа клиенти станари во Инкубаторот во декември. Првата компанија е ИКТ Креатив која ќе работи во насока на нудење на ИКТ услуги и која за прв пат во Македонија ќе започне со алтернативен начин на рекламирање преку нудење на интерактивни рекламни спотови во кои клиентот е учесник.

Втората компанија е во фаза на основање. Сопственик и основач е младиот Ристо Граматиков кој ќе работи во насока на продавање на телефонски централи за МСП базирани на слободен софтвер Астериск кои се многу поевтини од останатите и кои имаат солиден дел од пазарот во САД и во земјите од ЕУ. Исто така , оваа компанија ќе продава опрема за автоматски системи за домаќинства како и опрема за видео надзор.

Запознајте ги станарите на ПСМ Инкубаторот

 

Global Entrpeneruship Week

Визија

ПСМ проектот да стане добар модел за претприемништво и креирање на нови фирми во регионот како и пристап кон развој на ветувачки нови бизнис идеи меѓу високо образованите млади луѓе.
Преку своите активности, ПСМ ќе стимулира претприемништво и ќе ги зацврснува линковите помеѓу младите луѓе во Македонија на ова поле со цел да:
- го забрза напредокот на малите и средните претпријатија
- биде мост помеѓу постоечките понуди од образовните институции и потребите на бизнис секторот

Цел

Да се привлечат младите кои имаат ИКТ интереси, да им се обезбеди тренинг за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар и ИКТ да стане водечка индустрија во Македонија.

Мисија

ПСМ проектот има за цел да го зајакне локалниот иновативен систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото меѓу младите, нудејќи им комплементарни активности кои би го олесниле формирањето на нови претпријатија и нови бизнис потфати.

 

Sintef
Open Society Macedonia

 

Поддржано од Владата на Норвешка, во соработка со Владата на Република Македонија.


Ако не сакате да го добивате весников, кликнете овде.
ПСМ Фондација • Архимедова ББ, 1000 Скопје • 389(0)2 3103 660 • www.yesincubator.org.mk